Се поголем интерес на холандските туристи за Охрид и Македонија

Bez autora
Jul 04 2011

Со посебен чартер-лет од Амстердам викендов на охридскиот аеродром пристигна уште една група туристи од Холандија, кои ќе летуваат на Охридската ривиера преку аранжмани на охридската туристичка агенција "Генерал турист" и холандскиот туроператор "Каратанова турс". Со првиот чартер-лет на холандскиот туристички авиопревозник "Арке Флај-ТУИ Недерландс" на аеродромот "Свети Апостол Павле" допатуваа 180 туристи, кои ќе бидат сместени во десет хотели во Охрид и Струга. Oвој чартер-лет на релација Амстердам-Охрид ќе се реализира двапати седмично, со едно слетување на аеродромот во Скопје. Според неа, чартер-летот ќе се реализира до октомври, но оти во тек се и преговори таков лет да се реализира и во зимскиот период. Истовремено Чукалевска изрази задоволство од се поголемата заинтересираност на холандските туристи за посета на Охрид и Македонија.

Се поголем интерес на холандските туристи за Охрид и МакедонијаСо посебен чартер-лет од Амстердам викендов на охридскиот аеродром пристигна уште една група туристи од Холандија, кои ќе летуваат на Охридската ривиера преку аранжмани на охридската туристичка агенција "Генерал турист" и холандскиот туроператор "Каратанова турс".

Со првиот чартер-лет на холандскиот туристички авиопревозник "Арке Флај-ТУИ Недерландс" на аеродромот "Свети Апостол Павле" допатуваа 180 туристи, кои ќе бидат сместени во десет хотели во Охрид и Струга.

Ана Чукалевска, менаџер во "Генерал турист Охрид", појасни дека овој чартер-лет на релација Амстердам-Охрид ќе се реализира двапати седмично, со едно слетување на аеродромот во Скопје. Според неа, чартер-летот ќе се реализира до октомври, но оти во тек се и преговори таков лет да се реализира и во зимскиот период.

Истовремено Чукалевска изрази задоволство од се поголемата заинтересираност на холандските туристи за посета на Охрид и Македонија.

- Странските туристи, пред се Холанѓаните, се враќаат на ова поднебје, како што беше и порано. Нашата агенција се обидува да воспостави контакти и да привлече други авиопревозници што ќе сообраќаат за Охрид наредната година, како што е германскиот "ТУИ" - истакна Чукалевска.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik